Свет

ТРАМП ЗА УКРАИНА: Teшко е да се добие војната без да се нападне агресорот 

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп тврди дека „многу е тешко, ако не и невозможно, да се добие војна без да се нападне земјата на агресорот“.

„Тоа е како одличен спортски тим кој има фантастична одбрана, но не му е дозволено да игра напад. Нема шанси за победа! Истото важи и за Украина и Русија. Изопачениот и целосно некомпетентен Џо Бајден не ѝ дозволи на Украина да возврати, туку само да се брани. Како се случи тоа? Во секој случај, ова е војна што никогаш немаше да се случи ако јас бев претседател – НЕМА ШАНСА. Интересни времиња се пред нас!!! Претседателе DJT“, се вели во објавата на Трамп.

Tрамп се сретна прво со рускиот колега, Владимир Путин, а потоа и со украинскиот Володимир Зеленски, но договор за прекин на огнот нема. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons