Трамп: Би можел да прогласам вонредна состојба во Вашингтон
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави денес дека може да прогласи национална вонредна состојба и да го федерализира Вашингтон, откако градоначалничката Мјуриел Баузер изјави дека полицијата нема да соработува со Службата за имиграција и царина (ИЦЕ).
Давањето информации за луѓе кои нелегално престојуваат или влегуваат во САД е спорно. Најновата закана на Трамп го надополнува потегот кој критичарите сметаат дека е пречекорување на федералните овластувања.
Неколку илјади демонстранти излегоа на улиците овој месец за да протестираат против распоредувањето на трупите на Националната гарда во август за „повторно воспоставување на законот, редот и јавната безбедност“ во Вашингтон.
„За само неколку недели, градот процвета… За прв пат по неколку децении, практично нема криминал“, напиша Трамп на платформата Трут соушл.
Тој ги обвини „радикалните левичарски демократи“ за притисок врз градоначалничката Мјуриел Баузер да ја извести владата дека нема да соработува со ИЦЕ.
Националната гарда одговора пред гувернерите на 50-те држави, освен кога е повикана во федерална служба. Националната гарда на Вашингтон директно одговора пред претседателот.