Трагедија ја потресе Македонија: Дете донесено починато во болница
Во СВР Велес синоќа било пријавено дека во 19:45 часот на Детското одделение во Општа болница Велес било донесено починато шестогодишно дете од Градско, кое имало здравствени проблеми.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес, информираат попладнево од СВР Велес.
По насоки на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција.



