МакедонијаХроника

ТРАГЕДИЈА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА: Едно лице го загуби животот, двајца завршиле со телесни повреди 

НОВА ТРАГЕДИЈА НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

Вчеравечер, во 22.50 часот, во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во непосредна близина на Новоселски мост, патничко моторно возило „опел корса“, со струшки регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот А. Р. од струшко Долна Белица, излетало од коловоз и паднало во бездна.

Во несреќата сопатникот во возилото, З. А. (54), исто така од Долна Белица, добил тешки телесни повреди, од кои починал на самото место, а возачот и другиот сопатник Б. И. (41) од струшко Велешта завршиле со телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons