Актуелно

Тошковски: Концертот бил одржан на диво, без писмен договор со изведувачите

Пиротехничките средства, што го предизвикаа пожарот во дискотеката во Кочани ги донел бендот ДНК, а лицето задолжено за нивна употреба е починато. Концертот бил одржан на диво, без писмен договор со изведувачите, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Тошковски, на прес-конференција соопшти дека досега е извршена обдукција на околу 15 лица кои настрадаа во пожарот, а 45 лица се во критична состојба и се транспортираат во странство.

Приведени се пет лица на територијата на СВР Скопје и СВР Тетово, меѓу кои и поранешен министер.

Во дискотеката имало 500 лица, на продадени 250 билети.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons