МакедонијаХроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СКОПЈЕ Жена загина во судир на „корса“ и „пасат“

Во СВР Скопје вчера во 09:41 часот било пријавено дека на улицата Македонско- косовска бригада во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса”, управувано од Н.А. од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат”, управувано од З.З. од Скопје.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починала сопатничката во возилото „опел корса”, А.Е. од Скопје. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција, информира МВР. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons