Тешка несреќа кај Гевгелија: Воз му ја прегази ногата на мигрант, кој сакал да се качи во движење
Триесетгодишен мигрант од Алжир се здобил со тешки телесни повреди откако паднал при обид да се качи на воз во движење во Гевгелија, при што возот му ја прегазил десната нога, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, несреќата се случила вчера на местото викано „Подвозник“. Повредениот веднаш бил пренесен во Медицинскиот центар Гевгелија, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
„На 05.04.2026 во 18:33 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Гевгелија, на место викано „Подвозник“, 30-годишен мигрант од Алжир додека се обидувал да се качи во возот кој се движел, паднал и возот поминал преку неговата десна нога. Лицето било пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му се констатирано тешки телесни повреди“ соопшти МВР.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на гевгелиското Одделение за внатрешни работи (ОВР).



