Македонија

Теута е нов амбасадор во ЕУ, директорот на АНБ во Франција? Празните дипломатски места поделени според партиски клуч

Поранешната градоначалничка на Тетово и вицепремиерска за евроинтеграции, Теута Арифи, ќе биде нов македонски амбасадор во ЕУ, дознава Фокус.

Според информациите, актуелниот директор на АНБ Виктор Димовски, пак, ќе замине на амбасадорска служба во Париз.

Исто така, велат добро упатени извори, амбасадорското место во Вашингтон ќе биде пополнето со Зоран Попов, дипломат од кариера кој е државен секретар во МНР.

Како што неофицијално дознаваме, овие предлози од МНР веќе се поминати на Влада и треба да стигнат на одобрување кај претседателот на државата.about:blank

Потоа, законската процедура предвидува издавање на агреман од земјата-домаќин каде се упатуваат.

Извот: Фокус

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons