Тенисерот Алексовски од квалификации до финале на турнир во Солун
Македонскиот тенисер Марко Алексовски (15 години) постигна одличен резултат откако на турнирот за играчи до 18 години Ј30 Солун во Грција преку квалификациите стигна до финалето, каде му недостасуваше малку среќа да заврши и како победник.
Младиот македонски тенисер на патот до финалето одигра осум мечеви, постигна седум победи и го елиминираше првиот носител на кој му препушти само четири гема.
Во најголемиот дел од мечевите Алексовски играше против тенисери кои се две до три години повозрасни од него.
Резултати на Марко Алексовски на Ј30 Солун:
1. коло (квалификации): Одисеас Константину (Грција) 2-0 (61 60)
2. коло (квалификации): Фоивос Фасас (Грција) 2-1 (62 36 10-5 на поени)
3. коло (квалификации): Тајсон Себастијан Грант (Италија) 2-0 (63 64)
Резултати на главниот турнир:
1. коло: Енцо-Зепир Ле Кадре (Франција) 2-0 (60 64)
2. коло: Александрос Аверис (Грција, 1 носител) 2-0 (61 63)
1/4 финале: Едоардо Пањони (Италија, 5 носител) 2-1 (64 46 75)
1/2 финале: Денис Валентин Драгомир (Романија) 2-0 (61 62)
Финале: Лазар Младеновиќ (Швајцарија, 2 носител) 1-2 (46 75 46)



