Тензија на мечот меѓу Тиквеш и Гостивар, во теренот влезе и градоначалникот Јанчев! (ВИДЕО)
Тиквеш и Гостивар одиграа исклучително драматичен натпревар со четири гола, два црвени картони, влез на градоначлникот во терен и израмнување во 91. минута.
Главната драма се случуваше од 31. до 35. минута кога главниот судија Александар Грујоски од Кичево досуди непостоечки пенал за Гостивар кој го реализираа за 2-0.
https://www.facebook.com/100063944567392/posts/749078393900306/?mibextid=rS40aB7S9Ucbxw6v
Незадоволен од одлуката во теренот се симна и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Мечот неколку минути беше во прекин.
Тиквеш се врати со гол на Спахиу, а во 91. минута Ивановски погоди за 2-2 и покрај тоа што претходно двајца играчи на домаќините беа исклучени од игра.