Свет

Танкер за нафта експлодира во Ормускиот Теснец: Превезувал повеќе од два милиона барели нафта

Силна експлозија и голем пожар зафатија супертанкер што превезувал повеќе од два милиони барели сурова нафта, откако бродот удрил во поморска мина во стратешки важниот Ормуски Теснец.

Морнарицата на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) денеска го соопшти ова.

Според морнарицата на ИРГЦ (Иранската револуционерна гарда), танкерот се обидувал да помине по неовластена рута во Ормускиот Теснец кога удрил во мина, што предизвикало катастрофална експлозија и силен пожар, пренесува денеска иранскиот телевизиски канал „Прес ТВ“.

Во своето соопштение, морнарицата на ИРГЦ наведе дека танкерот намерно ги исклучил сите системи за позиционирање и радари, во обид да ги измами иранските поморски власти.

„Бродот се обидуваше да го премине теснецот со поддршка и заштита од армијата шверцери и терористи на Соединетите Држави“, проценува ИРГЦ.

Во соопштението се наведува дека одлуката на танкерот да ја исклучи опремата за следење и да се потпре на придружба од страна на американската војска, наместо да се координира со иранските власти, била директната причина за оваа катастрофа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons