Спорт

Судијата кој го судеше мечот меѓу Аргентина и Холандија е испратен дома

Шпанскиот судија, Матеу Лахоз нема да биде во конкуренција за судење на последните натпревари од Светското првенство.

Матеу Лахоз е судија кој често знае да го привлече вниманието на себе, така беше и на мечот меѓу Аргентина и Холандија.

Делеше картони како од шала, а на крајот и двете репрезентации негодуваа на неговото судење.

Судиската организација реши да го повлече Лахоз од листата и да не го стави во комбинација за последните четири меча од Мундијалот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons