Актуелно

Судиите, обвинителите и извршителите со најмногу претставки од граѓаните 

Во време кога правосудството во земјава е на климави нозе, но и под мониторинг на ЕУ и надгледувано од САД, а според последните анкети само поразителни 4% од граѓаните веруваат во судовите, и народниот правобранител на Македонија лично се сомнева во капацитетот на институциите да ја подобрат довербата на граѓаните во оваа област.

Иако се уште не е изготвен годишниот извештај за 2022 година, сепак според информациите на Народниот правобранител, најголем број претставки оваа година кои пристигнале до него од граѓаните, се однесуваат токму на работата на правосудниот систем.

Но недовербата во судството и минатата година била проблем според извештајот на омбудсманот. Лани биле поднесени 436 претставки токму за оваа област, најголем дел барале заштита на своите права во постапки пред управните судови, како и пред адвокати и нотари, а голем бил бројот и на поднесени претставки каде се бара промена на судски одлуки поради незаконско работење на конкретни судии.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons