Свет

Сударот на бродовите во Северно море предизвика страв од еколошка катастрофа

Се стравува од еколошка катастрофа на брегот на Британија, откако товарен број кој пренесувал токсични материјали, се судрил со танкер кој превезувал гориво за авиони за американската војска. Судирот предизвика пожар кој и денеска гори во Северното море, на 16 километри од брегот на Хал. 

Поморските експерти изразуваат чудење како можела да се случи несреќата и покрај безбедносните и навигациските системи.

„Постојат строги меѓународни правила за движење на бродови и ова е прометна зона“, рече Метју Шанк, експерт за поморски итни случаи.

Британската крајбрежна стража го зголеми предупредувањето во понеделникот наутро откако контејнерскиот брод „Солонг“ под португалско знаме се судри со американскиот воен танкер „Стена Имакулат“, кој беше закотвен

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons