Македонија

Студентските домови ќе се приватизираат, ќе се штеди и на стипендии 

Студентските домови да се менаџираат преку јавно приватно партнерство предлага Владата до МОН.

Сугерираат МОН да направи план според кој ќе скрати на главните трошоци меѓу кои е и начинот на кој се организира сместувањето на студентите.

Освен ова, се бара од МОН да направи план и како ќе ги оптимизира трошоците и за кадарот кој го плаќа во училиштата.Владата смета дека бројот на ученици во паралелките треба да се усогласи со наставниот и административен кадар во училиштата.

Министерот ја потврди оваа информација, но вели не е поради мерките за штедење поради кризитата, туку  овие планови се долгорочни и допрва ќе се разгледуваат.

Со документот што до сите органи во нејзин состав го испратила Владата во насока на штедење се препорачува построги критериуми при доделувањето стипендии.

Министерот очекува во претстојниот период сите вклучени во образовниот процес одговорно да менаџираат со ресурсите.

Најави дека училиштата кои не биле дел од регулираниот пазар на струја, сега ќе бидат префрлени а со тоа ќе се намалат сметките.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons