„СТОП за извршителите“: Утре ќе се протестира во Скопје
Утре ќе се поднесуваат писмени барања од граѓани за примена на законот кај министерот за правда.
Утре, 11 03 2024 во 12:00 часот пред Министерството за правда во Скопје, здруженијата „Човекот над профитот”, „Но Пасаран”, КСОМ и ПЦЕР ќе одржат мирен протест.
-Го повикуваме министерот за правда и Владата да се изјаснат зошто не се применуваат промените во Законот за облигациони односи од страната на извршителите, а се однесуваат на застарувањето на долгови, изгласаните од Собранието и во службен весник објавени пред повеќе од седум месеци и покрај потврденоста на уставноста на законот од Уставниот суд во месец јануари 2024 и одлуката на Законодавно правната комисија во Собранието дека не е потребно автентично толкување на законот. Утре ќе се поднесуваат писмени барања од граѓани за примена на законот кај министерот за правда. Здруженијата се соединети во – борба за правда, борба против мафијашката спрега доверители, судии, фирми за наплата на побарувања, прподавници за пари извршители и низа на корумпирани државни службеници, велат организаторите.