Спорт

Столе Димитриевски по само една година ќе ја напушти Валенсија?!

Голманската позиција во шпанскиот фудбалски клуб Валенсија повторно е главна тема по неодамнешните случувања на трансфер пазарот. Евентуалното доаѓање на Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао на позајмица со опција за откуп, се чини дека ја запечатува улогата на македонскиот репрезентативен чувар на мрежата Столе Димитриевски.

Иако се очекуваше Димитријевски да стане прв избор за голман откако се најавуваше заминување на Георги Мамардашвили во Ливерпул, тренерот на Валенсија, Карлос Корберан, одлучи да го потпише Агирезабала како прв избор за голманската позиција.

Според шпанските медиуми, Димитријевски не е дел од плановите на тренерот на клубот за следната сезона. Договорот на Димитријевски со Валенсија истекува следното лето.

Нашиот голман, кој пристигна на Местаља пред само една година со очекување да стане стартер, имаше неконзистентна сезона, обележана со недостаток на минутажа и постојани гласини за негово заминување.

Неговиот однос со тренерот Корберан наводно се влошил во последните месеци, пренесуваат шпанските медиуми. Информациите велат дека клубот од Местаља е отворен за понуди да се преговара за услугите на Димитриевски.

Потсетување дека пред една година како слободен играч го напушти Рајо Ваљекано. Димитриевски за Валенсија минатата сезона запиша само четири настапи во Ла Лига, и пет во Купот на Шпанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons