Стапката на невработеност во четвртиот квартал лани 11,9 отсто
Стапката на невработеност во државава во четвртиот квартал лани изнесува 11.9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според ДЗС, стапката на активност во овој период е 52.5, а стапката на вработеност 46.2.
Во четвртото тримесечје од 2024 година, активното население во државава изнесува 795.321 лице, од кои вработени се 700.526, а 94 795 лица се невработени.