Спорт

Ставре Јада заврши на 89. позиција на спринтот на ЗОИ

Македонскиот скијач Ставре Јада беше првиот наш претставник на Зимските олимписки игри.

Скијачот ја заврши спринт трката во нордиско трчање со време од 3:59,56, со што се пласира на 89. позиција. За трката на 1,6 километри беа пријавени 95 олимпијци, еден беше дисквалификуван, а еден не ја мина целта.

Најбрз на делницата беше Јоханес Клаебо со време за 52 секунди подобро од Јада.

За македонскиот скијач ова беше првиот од двата олимписки настапи. Јада за три дена ќе настапи на трката на 10 километри, а освен него своите настапи ги очекуваат Ана Цветановска, Виктор Петков и Јана Атанасовска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons