Свет

Србија „сруши“ светски рекорд? Регистрирана жена на 158-годишна возраст

Потпретседателот на Србија центар (СРЦЕ) и пратеник Слободан Петровиќ изјави дека според табелата на Републичкиот фонд за здравствено осигурување, во Србија се регистрирани 41.306 осигуреници на возраст од 100 и повеќе години.
Тој истакна дека во Србија е урнат светски рекорд, бидејќи таму живее најстарата личност на планетата – жена од белградската населба Палилула, на возраст од 158 години, се наведува во соопштението на партијата СРЦЕ.

Петровиќ додаде неколку факти што се оваа жена има преживеано:
„ Според овие податоци на РФЗО, оваа жена морала да биде родена во 1867 година. За да се добие претстава колку одамна било тоа, во 1867 година Соединетите Американски Држави ја купиле Алјаска од Русија, Турците ја напуштиле Србија, кнезот Михаило Обреновиќ ги презел клучевите од Белград од Али Риза-паша, а Алфред Нобел го патентирал динамитот“, изјавил Петровиќ.
Петровиќ побара властите да одговорат колкав број лица на возраст од 100 до 158 години се впишани во избирачкиот список, како и колку пензионери во Србија се на возраст меѓу 100 и 158 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons