СПЦ ја призна МПЦ-ОА, што е следниот чекор?
Српскиот патријарх Порфириј на заедничката литургија во Соборниот храм во Скопје Патријархот беше соопштено дека: „Светиот Архијерејски Сабор едногласно излегол во пресрет на молбата на МПЦ-ОА и дека ја благословува, одобрува, прифаќа и ја признава автокефалноста.
Што ова значи и кои се следните чекори?
ПЦ ја призна МПЦ-ОА, што е следниот чекор?
од Fokus26.05.2022 12:02
Српскиот патријарх Порфириј на заедничката литургија во Соборниот храм во Скопје Патријархот беше соопштено дека: „Светиот Архијерејски Сабор едногласно излегол во пресрет на молбата на МПЦ-ОА и дека ја благословува, одобрува, прифаќа и ја признава автокефалноста.
Што ова значи и кои се следните чекори?- Advertisements –
Професорот и поранешен претседател на Комисијата за односи со верски заедници, Цане Т. Мојаноски во изјава за „Фокус“ објаснува дека сега треба да очекуваме, согласно милениумското искуство, Светиот синод на Вселенската патријаршија и нејзиниот поглавар Патријархот, Неговата Блажена Светост г.г. Вартоломеј да издаде Томос, односно акт со кој ќе ги информира за создавањето на новата Црква која во диптихот на православните цркви ќе е заведено со нејзиното канонско име „Охридска архиепископија“.
На тој начин, по 1757 година, Охридската архиепископија се обновува и дејствува како Македонска православна црква, на подрачјето на епархиите кои политички се омеѓиле во државата Северна Македонија.
Професорот Мојаноски се надева дека Томосот за автокефалност ќе биде врачен на најавеното сослужување на Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј со нашиот Архиепископ Охридски и Македонски г. Стефан, на верскиот празник Духовден.
Овој ден и овој настан се од особено значење за Македонија, за православните верници во неа, за започнатиот процес на канонското и литургиско општење на Црквата со останатите православни цркви, како и за создавањето основи за натамошен духовен развој и напредок на македонското општество, во унапредувањето и јакнењето на вредностите, меѓусебната почит и разбирање меѓу граѓаните, кои припаѓаат на различни етникуми, религии и вероисповеданија, вели професорот Мојаноски.
За Вселенската патријаршија, отстранувањето на 55 годишната шизма е историски момент, а за Руската православна црква радосен настан што бил чекан многу години.
Вселенскиот патријарх Вартоломеј во вчера даденото интервјуто објаснува дека конкретното прашање со шизмата со МПЦ-ОА, многу години било во фокусот на Патријаршијата, а доста често доаѓале делегации од „Црквата на Северна Македонија“ за консултации, но и пристугнувале барања од политичкото раководство.
fokus.mk