Спиете со мобилниот телефон покрај себе? Еве зошто не треба да го правите тоа!
Каде го оставате мобилниот телефон кога одите на спиење? Лесно може да се претпостави дека повеќето од вас го оставаат на масичката покрај кревеот. Сакале да признаеме или не, телефонот е последното нешто што го гледаме пред да заспиеме и првото нешто по што посегнуваме кога се будиме.
Но, дали е навистина добра идеја и дали таквото компулсивно однесување, всушност, може да не спречи да спиеме доволно? И дали е навистина безбедно да имате мобилен телефон до вас цела ноќ? Многумина од нас не се свесни дека спиењето покрај овој уред може сериозно да го попречи вашиот сон, пишува „Мирор“.
Мобилните телефони не се само телефони
Денес мобилните телефони не се само телефони. Тие се своевидни мали компјутери без кои тешко се функционира. Со нив може да се прават телефонски повици, да се испраќаат пораки, да се пребарува на интернет, да се одговара на електронска пошта и да се комуницира на социјалните мрежи. Со сите тие функции, не е ни чудо што овие уреди имаат потенцијал да го уништат нашиот сон.
Губење на сонот
Многумина од нас се фатени во оваа позната стапица – тој компулсивен нагон да продолжиме да проверуваме, читаме, одговараме, „скроламе“, објавуваме, кликнуваме или да се занимаваме со игри. На повеќето од нас ни е многу тешко да го средат уредот, што само по себе може да го одложи одењето на спиење и да го намали вкупното време за одмор. Целата оваа стимулација, особено ноќе, може да го отежне исклучувањето и да го наруши сонот. Можеби звучи драматично, но таквото компулсивно однесување во долг период лесно може да доведе до лишување од сон.
Моќта на светлината
Сета таа вештачка сина светлина од екраните на мобилните телефони, таблетите или компјутерите влијае на нашата способност да заспиеме. Сината светлина го мами мозокот да мисли дека е ден, предизвикувајќи го вашето тело да престане да го ослободува хормонот за спиење мелатонин кој ни помага да се опуштиме пред спиење. Вештачката светлина, исто така, го уништува нашиот деноноќен ритам, 24-часовната шема на спиење и будење што помага да се контролира вашиот дневен распоред за спиење и будење.
Проблемот со чувањето на мобилниот телефон во спалната соба
Како општо правило, паметно е да го држите мобилниот телефон што подалеку од спалната соба. За почеток, ова ќе ви олесни да избегнете продолжена употреба кога навистина треба да спиете. Преместувањето на уредот во друга просторија исто така ќе ја спречи проверката ако се разбудите ноќе.
Дали е во ред да спиете со мобилен телефон до глава?
Некои луѓе се загрижени за ефектите на електромагнетните полиња што ги емитуваат мобилните телефони. Загриженоста e од зголемен ризик од тумори на мозокот до ефекти врз плодноста. Се смета дека модерните мобилни телефони имаат незначителен ефект врз човечкото тело, но многумина веруваат дека би било паметно да се биде малку повнимателен. Мобилните телефони ѕвонат на секои неколку секунди, така што уредот сè уште емитува мала количина на микробранова радијација. Ставањето на телефонот во авионски режим и исклучувањето на поставките за локација сериозно го ограничува секое зрачење на радиофреквенцијата.