Сончево со мала облачност и благ пад на температурите
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер (локално над 70км/ч.) од северен правец и максимална дневна температура до 36 Целзиусови степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен северен ветер.
Максималната дневна температура ќе изнесува 34 степени Целзиусови.