Советник на СДСМ, сопственик на ноќен клуб, уапсен за производство и труење на нашите деца со дрога, објави Ковачки
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, додека е на средби со граѓаните во Крива Паланка, се обрати на социјалните мрежи со вест дека уапсен е советник на СДСМ од Берово. Според неговите информации, советникот, кој е и сопственик на ноќен клуб, е приведен поради вмешаност со дрога.
Тој побара одговорност и од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, но и од носителите на листи од таа изборна единица, Сања Лукаревска и Љупчо Николовски, потрпетседатели на партијата.
https://www.facebook.com/share/v/vPHosprR6a6qWo7y/?mibextid=CTbP7E