Случајот „Онкологија“ се сели во Собранието – ќе има ли политичка одговорност?
Собраниска анкетна комисија ќе утврдува политичка одговорност за функционерите поврзани со скандалот на Онкологија. Власта и опозицијата заеднички дадоа зелено светло за барањето на ВМРО ДПМНЕ, ова надзорно тело да даде одговори по обвинувањата дека наместо потребната терапија пациентите добивале само физиолошки раствор. Опозицијата обвинува дека ова не е несреќа, туку убиство со умисла, обвинија од ВМРО ДПМНЕ.
Со помала поддршка од власта помина и барањето на опозицијата да биде разгледан конечен ревизорски извештај за работата на Клиниката за Онкологија но наместо како итна точката ќе се разгледува предпоследна.Од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ велат дека власта со ова бега од дебата за одговорност на сите инволвирани.
Џафери ја обвини опозицијата дека во сите скандали бара политички поени.
Опозициските пратеници бараат собранискиот спикер доследно да го почитува Деловникот, а не по сопствена волја да одлучува по која точка ќе се расправа.