Случајни минувачи на кејот во Охридското езеро забележале неексплодирана бомба
Случајни минувачи на кејoт „Македонија“ во Охридското езеро забележале неексплодирана бомба.
Во СВР Охрид вчера во 11.05 часот е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници, а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка.