Скандал во психијатриска установа во Македонија: Лекари малтретирале и врзувале дете со аутизам
На социјалните мрежи вирално се споделува потресно сведоштво на една мајка, која ги обвини лекарите дека нејзниото дете со аутизам го малтретирале и врзувале во психијатриска установа.
– После месец дена, мојот син денес го зедовме од психијатриска болница, така ни кажаа викендов. Јас не можам да верувам каде живееме, зарем нашето дете е ѕвер? Да, агресивен стана овие две години и затоа побаравме здравствена помош, но во 21 век да го врзувате … ? Дали така се заколнавте кога полагавте дека ќе бидете хумани? Ова дете е 17 годишно … Душата ме боли, се прашувам дали ние како родители погрешивме што побаравме помош?! Зошто нема соодветна институција за нашите деца? Вака не се смирува дете, ова е насилство! Барам одговорност за овие рани од што бил врзуван!, пишува шокираната мајка.