Актуелно

Сите патни правци се проодни, оние каде паѓа снег континуирано се чистат

Во текот на целиот ден остануваме на терен со цел што понепречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од Министерството за транспорт.

Министерството за транспорт информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.

Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons