МакедонијаНајново

„Сите за Кочани – трчаме заедно“ – хуманитарна трка утре во Скопје

Утре, недела, со почеток во 10 часот ќе се одржи хуманитарна трка по повод одбележувањето на Денот на Европа насловена како „Сите за Кочани – трчаме заедно“.

Трасата на движење е од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Свети Пантелејмон и обратно.

Сите приходи ќе бидат наменети за поддршка на жртвите од Кочани.

МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons