Спорт

Синот на Зидан реши да се откаже од Франција и да игра за Алжир 

Лука Зидан, вториот син на легендарниот Зинедин Зидан, реши да се откаже од Франција и да игра за репрезентацијата на Алжир.

ФИФА денеска објави дека Лука Зидан го променил националниот тим, голманот се откажал од Франција за да игра за репрезентацијата на Алжир.

Лука Зидан беше дел од неколку младински категории на „триколорите“, со У17 тимот стана и шампион на Европа.

Сепак, никогаш не доби повик за сениорскиот тим, тешко дека ќе добие и во иднина, па на 27 години решил да си ја испроба шансата со Алжир, репрезентација која е на добар пат да обезбеди настап на Светското клупско првенство.

Веста сигурно ќе биде разочарување за многумина, со оглед на тоа дека неговиот татко остави длабока трага во Франција и важи за една од најголемите легенди на „триколорите“.

ФОТО: fb/Granada CF

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons