Синер го мина Шелтон и закажа полуфинале против Ѓоковиќ
Јаник Синер рутински во три сета го совлада американскиот тенисер Бен Шелтон и се пласираше во полуфиналето на Австралија опен каде што ќе се сретне против Новак Ѓоковиќ.
Синер го победи Шелтон со максимални 3-0, во првиот сет беше 6-3, а во преостанатите два 6-4 и 6-4.
На овогодинешното издание на Австралија опен немаше големо изненадување, па во полуфиналето се пласираа првите четири носители.
Синер ќе игра против Ѓоковиќ, а Алкараз ќе се сретне со Зверев.



