МакедонијаНајново

Синдикатот на Клинички постави услови – регулирање на платите или тужби 

Приватни и колективни тужби на над илјада здравствени работници кои земаат плата помала од минималната. Од Синдикатот на Клинички се закануваат дека до ова ќе дојде доколку  властите не направат регулирање на личниот доход заклучно со августовските  примања. Пресметале дека за ова се потребни околу 2 милиони евра годишно што според нив ќе биде многу помалку од плаќање на изгубените судски спорови. Клиничкиот синдикат кој од денеска е зголемен со лекари од Инцијатнвниот одбор кои планираа независна синдикална организација, со апел до надлежните сериозно да пристапат кон нивните барања во спротивно велат лошо му се пишува на здравствениот систем.

– Каква држава правиме и сакаме ако здравството и образованието се најотепани. Во време на короната, здравството, здравствените работници имаа над 90 проценти доверба, изгинаа од хигиеничар до доктор, колку жртви имаше. И што добивме, за овие 4-5 години 10 проценти зголемување со триста маки а некој преку ноќ доби 78 проценти, вели д-р Предраг Серафимовски претседател на Синдикат на Клинички.

-Како што сме тргнале по овој пат, верувајте ако и овој пат не изиграат тогаш оние кои направиле некое име ќе заминат во приватно здравство, имаат понуди секој може да замине а младите лекари ќе ја напуштат државата, вели д-р Нико Беќаровски дел од докторски одбор во ССКЦ

Освен зголемување на платите кои треба да бидат достоинствени за сите во здравството, Синдикатот бара спојување на Клинички до крајот на годината, избор на раководители и вработени според стручност, специјализации каде што треба.

-Во моментот се случува да добиеме писмо – овој е тргнат откај вас, овој пе прераспределен . Со ваков начин нема никаков квалитет. Верувајте има сестри кои незнаат игла на шприц да наместат, вели д-р Беќаровски.

-И вработувњата да не бидат веќе партиски и национално обоени, ако некој вреди ако сака нека е и еским нека биде кај што треба. И да нема веќе специјализации по желба, вели д-р Серафимовски.

Со денешниот заеднички настап на Беќаровски и Серафимовски, кажаа дека Синдикатот на клинички не е само за тие од терциерното здравство туку за сите од  јавните здравствени установи во државата кои сакаат да членуваат и да се борат за своите права.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons