Спорт

Сериозните последици за Реал Мадрид доколку одлучеше да не настапи во финалето на Копа дел Реј 

Реал Мадрид синоќа се закани дека нема да игра против Барселона во финалето на Копа дел Реј, ќе имаше сериозни последици доколку Флорентино Перез и неговите најблиску соработници реализираа едно вакво сценарио.

Реал Мадрид и Барселона вечерва во Севиља ќе се борат за трофејот во Купот на Шпанија, но вчера, во еден период од денот, се веруваше дека љубителите на фудбалот нема да гледаат ново „Ел Класико“ и „кралевите“ ќе се повлечат од финалето во Копа дел Реј.

Сапуницата почна по редовната прес-конференција на судиите, кои изразија незадоволство од ТВ каналот на Реал Мадрид и критиките кои постојано доаѓаат на нивна адреса.

Изјавите не им се допаднаа на „кралевите“ кои веднаш побараа од Фудбалската федерација на Шпанија да бидат промените судиите, барање кое беше одбиено.

Од таборот на Реал Мадрид потоа до сите новинари испратија кратка порака „Се е суспендирано“.

Карло Анчелоти и Лука Модриќ не се појавија на закажаната прес-конференција, ниту пак се одржа тренингот на Реал Мадрид, ниту пак беше направена формалната фотосесија на тренерите и капитените на двете екипи со трофејот.

По неколку тензични часа, доцна вечерта Реал Мадрид излезе со ново соопштение и порача дека никогаш не размислувале да се повлечат од финалето.

Доколку Флорентино Перез и неговите соработници сепак се решеа на бојкот, ќе имаше сериозни последици за Реал Мадрид.

„Кралевите“ автоматски ќе го изгубеа финалето и немаше да им биде дозволено учество во Купот на Шпанија во следната сезона.

Паричната глоба можеби не е голема (се движи од 3.000 до 12.000 евра), но сигурно ќе мораше да платат милионски компензации на Барселона, градот Севиља и Фудбалската федерација на Шпанија.

„Кралевите“ ќе си направеа проблеми и со спонзорите, како и со сопствените навивачи кои веќе имаа платено за превоз, сместување и билети за натпреварот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons