Септемвриско лето деновиве:Температурите до 36 степени, но ќе дува и ветер
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на претежно стабилно време. До недела ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен северен ветер.