Македонија

Септемвриски рекорд: Турците масовно ја избраа Македонија за своја дестинација!

Турците повторно го преплавија македонскиот туризам!

Септември оваа година донесе вистински туристички бум во Македонија – во земјава биле регистрирани 132.999 туристи кои заедно оствариле 262.686 ноќевања, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Од вкупната бројка, три четвртини се странци (75,4%), додека домашните туристи учествуваат со 24,6%. Странците доминираат и во бројот на ноќевањата, со впечатливи 68,2%, наспроти 31,8% на домашните посетители.

Во првите девет месеци од 2025 година, вкупниот број туристи пораснал за 5,8% во споредба со истиот период лани. Иако кај домашните патувања има мало намалување од 1,4%, странските гости покажуваат експлозивен раст од 9,6%!

Ноќевањата, пак, бележат вкупен пораст од 0,9%, при што кај домашните има пад од 3,8%, а кај странските раст од 7%.

И повторно — Турците се апсолутни рекордери! Од Турција пристигнале неверојатни 32.950 туристи, убедливо најмногу меѓу сите држави. Зад нив се Србите со 8.830 посети, потоа следуваат Германците со 6.615, и Полјаците со 3.577 туристи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons