СЕ УКИНУВА УШТЕ ЕДЕН ЛЕТ ОД СКОПЈЕ: Ејџиан ерлајнс ќе ги прекине сите летови
Грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“ од 29 ноември ќе ги прекине летовите меѓу Скопје и Сараево. Овие летови беа воведени пред нешто повеќе од една година. Прекината е и продажбата на билети.
Нема официјално објаснување за причините за укинувањето на летот.
Компанијата почна да ги реализира летовите од Скопје до Сараево на втори октомври минатата година, три пати неделно.
Авиокомпанијата лани аплицираше за субвенции кои ги даваше македонската влада за воведување нови линии од Скопје, но се повлече откако тендерот беше прогласен за неважечки. Таа не учествуваше на подоцнежниот владин јавен повик.
„Ејџиан ерлајнс“ дополнително има во план да ги намали летовите Атина-Скопје.