Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
13 годишно девојче се здоби со тешки повреди откако возило удри во неа додека се движела со тротинет на улица во Капиштец. Повредена е и нејзината 12 годишна другарка која се превезувала со неа на тротинетот. Возачот кој ги удрил, избегал од местото на настанот но полицијата го пронајде вчера.
Ова е последен случај во обемната статистика на повредени возачи на електрични тротинети. Во првата половина од годината вкупно 46 лица настрадале во сообраќајни несреќи од кои едно лице починало а 15 се здобиле со тешки телесни повреди. Секој трет од оваа статистика е дете.
Директорот на хируршката клиника за Сител вели она што најмногу загрижува е бројот на малолетници кои без дозвола од родителите користеле тротинет а голем дел од повредите се и животозагрозувачки.
И покрај засилените контроли од полицијата, статистиката на прекршоци не се намалува. Според билтенот на МВР само во еден ден од август полицијата изрекла 46 казни за возачи на тротинет.
Иако законот јасно предвидува под кои услови и на која возраст е дозволено управувањето на електричен тротинет, сликата која секојдневно ја гледаме низ улиците во главниот град е аларманта. Ова е бројот на прекршоци кои нашата камера ги регистрираше во петок навечер во центарот на Скопје.
Деца под 14 години не смеат да управуваат тротинет, казни се предвидени и за родителите на прекршителите.
Законот вели возачите се должни да се движат по велосипедска патека со бризна не поголема од 25 км на час, а доколку нема такви услови тие мора да се движат по тротоар со 6км на час. Заштитен шлем е задолжителна опрема а во ноќните часови и рефлектирачки елек. Нешто што е ретко да се види кај возачите.
Глобите за прекршоци се движат од 50 до 120 евра.
Глоби:
-80 евра за возење на недозволени површини,
– 120 евра за возење со поголема брзина од дозволената,
– 50 евра за непрописно управување, како симнување раце од управувачот или превезување други лица.