Актуелно

Се одложува надоместокот за пренос на руски гас преку Бугарија 

Надоместокот за пренос на руски гас преку Бугарија се одложува за да не го попречува влезот на Бугарија во Шенген, се договорија пратениците на ГЕРБ-СДС, ПП-ДБ и ДПС, објави БНТ. Од македонската Влада се заканија дека ќе бараат компензација доколку биде засегната од бугарската транзитна такса за рускиот гас

Надоместокот за пренос на руски гас преку Бугарија се одложува за да не го попречува влезот на Бугарија во Шенген, се договорија пратениците на ГЕРБ-СДС, ПП-ДБ и ДПС, објави БНТ. Одлуката за таксата доаѓа еден месец откако беше изгласана и предизвика негодување во Европа.

Кога во октомври Бугарија воведе такса од 10 евра за мегават-час на рускиот гас што транзитира низ земјата од Турција, таа тврдеше дека овој потег ќе помогне да се соберат 1,2 милијарди евра од многу потребните средства, а истовремено да се намалат приходите на Москва за време на војната. Бугарскиот министер за финансии Асен Василев инсистираше на тоа дека соседните земји немаат причина да се грижат бидејќи транзитот не е суспендиран и „не гледа зошто тие на прво место би имале проблем со таксата“.

Мерката веднаш предизвика гнев кај соседите на Бугарија – потрошувачи на руски гас. Србија и Унгарија се спротивставија на повиците за прекин на рускиот гас, исто беа загрижени дека овој потег ќе значи повисоки сметки за нивните потрошувачи. Во меѓувреме од Грчката федерација на претпријатија, рекоа дека данокот „го прекршува правото на ЕУ“ и ќе наметне „дополнителни оптоварувања за сите сектори, бизниси и потрошувачи. Од македонската Влада се заканија дека ќе бараат компензација доколку биде засегната од бугарската транзитна такса за рускиот гас.

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши во неколку наврати истакнуваа дека се против воведувањето на оваа такса, бидејќи целиот гасен капацитет што влегува во Македонија, Бугарија го дала на „Гаспром“.

А тоа можеше да значи дека таквиот надомест кај нас ќе доведе до поскапување на струјата и на парното за 20 отсто. Поради оваа причина, нашата земја побара да се ослободи капацитетот за да може да набавува гас од други извори. Премиерот Ковачевски истакна дека на оваа тема разговарал и со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен.

„За таксата за пренос на гас ќе го следиме општиот европски пристап, оваа такса не треба да биде унилатерална од страна на Бугарија, треба да се работи со ЕК, така што само заедно, со сите европски земји, овој вид такса може да биде наметнати на начин, што ќе има реален ефект врз економијата и Руската Федерација“, рече копретседателот на „Продолжуваме со промената“, Кирил Петков.

„Ние сме блиску до Шенген. И не треба да ја губиме оваа шанса поради таксата“, рече лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.
„Ќе ја прекинеме оваа такса. Тоа што го видоа нашите колеги, ќе го поддржиме да разговараме со ЕК“, потврди претседателот на ПГ на ДПС, Дељан Пеевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons