Спорт

Свечено отворено Светското јуниорско првенство во параглајдинг Крушево 2026

Во Центарот за параглајдинг во Крушево денес свечено беше отворен натпреварувачкиот дел од Светското јуниорско првенство во параглајдинг на ФАИ, „Крушево 2026“.

На првенството учествуваат млади пилоти и натпреварувачки тимови од 13 земји од целиот свет.

Свеченоста воедно беше можност за промоција на резултатите од проектот „Крушево и Елбасан, Патување во природа и авантура“, финансиран од Европската Унија преку ИПА III Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија и Албанија.

Еден од најзначајните резултати на проектот во Крушево е изградбата на две нови полетувалишта на Црн Врв, како дел од развојот на Параглајдинг центарот Крушево.

Новите полетувалишта го зголемуваат капацитетот на центарот и создаваат подобри услови за пилотите и за организација на меѓународни натпревари. Со оваа инвестиција дополнително се зајакнува позицијата на Крушево како дестинација за спортски, активен и авантуристички туризам.

„Новите две полетувалишта се важен чекор за развојот на параглајдинг центарот и за создавање подобри услови за пилотите. Ова е инвестиција во спортот, туризмот и во идниот развој на Крушево. Воедно, претставува пример како природниот потенцијал на градот се претвора во конкретна развојна можност за локалната заедница, изјави градоначалникот на Крушево, Нико Чонески.

На свеченоста присуствуваа претставници на Европската Унија, националните и локалните институции, Општина Елбасан, организаторите на првенството, проектните партнери, учесниците на првенството и претставници на локалната заедница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons