Магазин

Свежо, облачно и нестабилно време – Најавени дожд, грмежи, а некаде и град 

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Максималните дневни температури ќе се движат од 20 до 32 степени Целзиусови.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Максималната дневна температура ќе достигне до 30 степени Целзиусови.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури до 34 Целзиусови степени. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons