САШКО КОЦЕВ УДРИЛ ПОЛИЦАЕЦ И ПОБЕГНАЛ СО ВОЗИЛОТО? Актерот тврди дека ништо сериозно не се случило
Коцев за Плусинфо објаснува за што точно станува збор. Тој изјави дека на лицето кое му пришло и му наредило да си замине, му поставил прашање за тоа кои се тие што ја затвораат улицата. Според неговите зборови, лицето му одговорило „Сега ќе видиш кој сум“, а потоа стоело пред возилото.
Актерот Сашко Коцев ги негира обвинувањата дека го прегазил полицаец во центарот на Скопје, како што стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи. Според Коцев, тој не знаел дека лицето кое му се обраќало и ја блокирало улицата е полицаец, бидејќи бил облечен во цивилна облека.
– Не сум прегазил полицаец, јас воопшто не знаев дека тоа е полиција – вели актерот за Плусинфо за настанот кој се случил кај хотелот „Мериот“ откако претходно ја оставил сопругата во близина.
Според Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил вчера вечерта, околу 19.15 часот, на подрачјето на Центар, кога Коцев, управувајќи со возило „Фолксваген“, не застанал на знак за запирање даден од полицаец кој извршувал службени дејствија. Нагласено е дека Коцев агресивно се однесувал, по што го удрил полицискиот службеник со возилото и го напуштил местото на настанот.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Коцев за Плусинфо објаснува за што точно станува збор.
Тој изјави дека на лицето кое му пришло и му наредило да си замине, му поставил прашање за тоа кои се тие што ја затвораат улицата.
Според неговите зборови, лицето му одговорило „Сега ќе видиш кој сум“, а потоа стоело пред возилото.
– Во моментот, моето дете почна да плаче поради стравот, а јас само ја подигнав ногата од кочницата и возилото се придвижи дека е автоматик. Јас не возев 200 па да сум удрил или повредил некого. Кога возилото полека се придвижи лицето се поттргна и јас си продолжив да возам. Информацијата што ја прочитав на некои портали беше невистина. Немав никаква намера да повредам или да прегазам некого – ни изјави Коцев.
plusinfo.mk