Спорт

Саудијците понудиле 107 милиони евра за фудбалер на Брајтон!

Во текот на денешниот ден се пишуваше дека Џон Дуран од Астон Вила ќе се пресели во Астон Вила за 77 милиони евра, а вечерва пристигнува нова информација во која исто така во главна улога е клубот на Кристијано Роналдо.

Наводно, Ал Наср испратил понуда за услугите на Митома од 54 милиони евра, но истата експресно била одбиена.

Сепак, во Ал Наср не се откажале и веднаш припремиле ново и тоа многу повисока. Последните информаици говорат дека тие за Јапонецот од средниот ред понудиле неверојатни 107 милиони евра.

Со таа сума Митома би станал најскапиот фудбалер во историјата на Брајтон, но и еден од најскапите кои заминале од Премиер лигата.

Засега не е познато какви се намерите на Митома и дали има желба Премиер лигата да ја замени со фудбалот во Саудиска Арабија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons