Актуелно

Само вчера санкции за 570 возачи во Скопје, над 20 возеле без дозвола 

Полицијата информира дека согласно планот за засилени мерки во сообраќајот на подрачјето на СВР Скопје, во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на целата територија на СВР Скопје, при што санкционирани се вкупно 570 возачи.

Од нив 150 се возење со брзина поголема од дозволената, 22 за управување возила без возачка дозвола, 4 возачи управувале возило со активна мерка забрана за управување моторно возило, по еден возач управувале возило под дејство на алкохол и возило со измината важност на регистрација.

Останатите мерки се однесуваат на останатите прекршоци, од кои најголем број се за погрешно или недозволено паркирање.

– Сообраќајните контроли по планот продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, нагласуваат од полицијата. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons