САД со резолуцијата во Обединетите нации – ЕУ подготвува воена помош за Украина од 20 милијарди евра
Резолуцијата што Соединетите Американски Држави ја предлагаат во Обединетите нации е едноставна и историска, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.
Тој ги повика сите земји членки на организацијата да ја поддржат бидејќи со неа, како што кажа, ќе се исцртаат контурите на мапата кон мирот во Украина.
„Оваа резолуција е во согласност со ставот на Доналд Трамп дека ОН мора да се вратат на својата основна цел, како што е наведено во Повелбата на ОН, а тоа е одржување на меѓународниот мир и безбедност преку мирно решавање на споровите“, вели тој.
Европските лидери работат на пакет воена помош за Украина во вредност од најмалку 20 милијарди евра, со цел да го зајакнат Киев, додека САД сè повеќе се усогласуваат со Москва во однос на интерпретацијата на војната, изјавија тројца дипломати на ЕУ.