САД го засилуваат притисокот, Трамп свика состанок за Венецуела во Овалната канцеларија
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одржи вечерва состанок во Белата куќа во посветен на понатамошните чекори против Венецуела, во време кога неговата администрација ја засилува својата кампања на притисок врз таа јужноамериканска земја, дознава Си-ен-ен од извори запознаени со ситуацијата.
На состанокот закажан за 17 часот по локално време во Овалната канцеларија се очекува да присуствуваат клучни членови на кабинетот на Трамп и тимот за национална безбедност. Меѓу нив се министерот за одбрана Пит Хегсет, началникот на Здружениот генералштаб, генералот Ден Кејн, државниот секретар Марко Рубио, како и шефицата на Кабинетот на претседателот Сузи Вајлс и заменик шефот на кабинетот Стивен Милер.
Средбата доаѓа во време на зголемен притисок од Соединетите Американски Држави врз Венецуела, што вклучува пресретнување на наводни бродови за шверц на дрога и зајакнување на американското воено присуство во Карибите. Во текот на викендот, Трамп издаде строго предупредување на социјалните медиуми до авиокомпаниите, пилотите и криминалните мрежи да го избегнуваат воздушниот простор на Венецуела.



