РФМ на 1 март ќе го бира наследникот на Мукаетов
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) потврди дека на 1 март 2025 ќе се одржи изборно собрание во просториите на Советот на Град Скопје со почеток од 12 часот.
Ова собрание е посебно важно бидејќи на него ќе се збогува Живко Мукаетов со претседателската функција која досега ја извршуваше.
Тој претходно најави дека нема да се кандидира за нов мандат, а тоа значи дека РФМ по долго време ќе добие нов претседател.
Дневниот ред на собранието може да го погледнете ТУКА.