Свет

Русија нема да може да ја одржи воената сила поради западните санкции, тврди Шолц 

Русија нема да може да ги одржи силата и способностите на својата војска поради острите санкции што Западот ѝ ги воведе поради нападот врз Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц, додавајќи дека санкциите се „многу ефикасни и со долг дострел” и ќе ја уназадат руската економија за „десетици години”.

„Русија нема да може да учествува во светскиот напредок, во економскиот и техничкиот напредок. Тоа станува се појасно секој ден и тоа е сериозен проблем за Русија“, рече Шолц за време на прес-конференцијата во главниот град на Литванија со шефовите на балтичките држави.

Шолц додаде дека дури и ако Русија го злоупотребува увозот на цивилна стока за воени цели, Москва нема да може да ги задржи своите воени способности на нивото на кое беа пред војната поради западните санкции.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons