Ригорозен предлог закон: Се забранува рекламирање цигари на Фејсбук и Инстаграм, нема веќе ниту изложување по трафики
Министерството за здравство тргнува во војна против пушењето со нов, ригорозен предлог-закон. Како што соопштија од ресорот на министерот Азир Алиу, се подготвува целосна забрана за рекламирање, промоција и спонзорства од страна на тутунската индустрија, која ќе ги опфати и социјалните мрежи.
Што предвидуваат новите законски решенија?
- Тотален мрак за реклами: Забрана за објави во медиуми, интернет и на социјалните мрежи.
- Скриена промоција: Крај за наградни игри, попусти и подароци поврзани со тутунски производи.
- Трафиките се менуваат: Цигарите и никотинските производи повеќе нема да смеат да бидат јавно изложени на продажните места (под рафт).
- Угостителство: Забрана за продажба на тутун во кафулиња, ресторани, спортски и културни објекти.
„Заштитата на децата е апсолутен приоритет. Јавното здравје има предност пред комерцијалниот интерес“, дециден е министерот Алиу.



