Рибакина повторно ја победи Сабаленка во финале и го освои УС Опен
Уште еден историски меч меѓу ривалките Арина Сабаленка и Елена Рибакина, победи тенисерката од Казахстан со 2-1 во сетови и го освои својот трет грен-слем турнир.
Оваа година Рибакина и Сабаленка по вторпат играа во грен-слем финале, двете ги доби казахстанската тенисерка. Го освои Австралија опен и сега УС Опен. Имаа уште два дуели на мастерс турнирите тие ги доби Белорусинката.
Ноќеска гледачите на УС Опен можеа да видат убаво, борбено финале кое траеше околу два часа и двадесет минути.
Рибакина отвори подобро и го доби првиот сет со 6-4, возврати Сабаленка со 7-5. Мечот отиде во трет, решавачки сет.
Во тој сет Рибакина издоминира, го доби со 6-2 и се израдува на нова голема победа над Сабаленка.



