АктуелноСпорт

РАДУВАЈ СЕ МАКЕДОНИЈО: Јуниорите на Македонија се ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ

Јуниорската репрезентација на Македонија го освои првиот пехар и се промовира како европски шампион на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија кое се одржа во Скопје, откако во големото финале славеше над Австрија (98-88).

Во дуелот на непоразените, Македонија беше подобра од Австријците во меч во кој целосно доминираше од почетокот до крајот. Нашиот национален тим забележа осум победи на осум средби, а покрај над Австрија во финалето, во нокаут-рундата славеше над Португалија и Бугарија, а претходно во групата ги доби Ирска, Кипар, БиХ, Чешка и Украина.

Првата четвртина беше израмнета, меѓутоа во знакот на Македонија (32-29), а веќе во следната нашиот национален тим беше подобар со двоцифрена разлика од противникот и направи исчекор кон посакуваниот резултат во СЦ „Борис Трајковски“ (57-44). Иако имаше мал пад во играта, сепак, избраниците на Андреевски брзо се консолидираа и работите дојдоа на своето место. Не се испушти високата предност од почетокот до крајот и победата на Македонија е заслужена.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons